Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Куќата на Барби се појави на Airbnb и стана вирален хит;погледнете како изгледа…

Вести за сите љубители на „најкул“ куклата од американската компанија Mattel,куќата од соништата на Барби лоцирана во Малибу е достапна за изнајмување на Airbnb.

Барби ќе помине неколку дена далеку од својата куќа од соништата во Малибу бидејќи мора одлично да се подготви за премиерата на филмот која ќе се одржи на 21 јули. Филмот за најпознатата кукла на светот со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги го режираше Грета Гервиг, а таа и нејзиниот сопруг Ноа Баумбах го напишаа и сценариото за овој филм, кој несомнено ќе стане голем летен хит на благајните.

Пред премиерата Барби го „постави“ својот дом од соништата во Малибу на Airbnb за најголемите обожаватели; едно ноќевање за двајца гости кои ќе бидат пречекани од домаќинот Кен и кои ќе можат да резервираат од 17 јули во 19 часот.

Бидејќи Барби нема да биде присутна,Кен ја искористил приликата да стави печат на куќата. Забележливио се декорациите,во парчињата кои го означуваат домот и секако присутни се и лизгалки! Но, она што не се осмели Кен да го смени е бојата на ѕидовите, која се уште е препознатлива розова, која на Барби и се допаѓа најмногу.

Куќата се наоѓа во Малибу (Калифорнија, Соединети Американски Држави), на 40 минути возење од Лос Анџелес и нуди прекрасен поглед на брегот. Ќе може да се изнајмува ноќта помеѓу 21 и 22 јули само за едно ноќевање и за две лица. Изнајмувањето на куќата на Барби е целосно бесплатно, што е одлука на Кен, кој повеќе го цени сурфањето отколку математиката.

Куќата од соништата на Барби има поглед на море, базен, клима уред, WiFi… Кога ќе стигнете таму, поминете низ гардеробата на Кен за да најдете облека за плажа, танцувајте на подиумот или земете ја гитарата и свирете ги омилените песни, бањајте се во бесконечниот базен или земете дома сувенир – свој комплет лизгалки и жолта и розова буги штица. Сè што треба да направите е да се пријавите почнувајќи од 17 јули во 19 часот на airbnb.com/kendreamhouse, а гостите се одговорни за нивниот превоз до Малибу.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement