Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

НАЈСКАПИОТ БИЛЕТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА ЧИНЕЛ 77.000 ЕВРА ЗА КОНЦЕРТОТ НА “LED ZEPPELIN” ВО ЛОНДОН…

Некои концерти се легендарни, а фановите се спремни да платат огромни суми пари за да не го пропуштат омилениот уметник на сцената.

Летото не значи само одмори на море, оваа сезона е поврзана со музика и концерти. Впрочем, не се малку оние кои одбројуваат цела година до оваа сезона, за повторно да се најдат на голем концерт со пиво во рака, слушајќи го својот омилен изведувач или бенд.

Билетите за големи концерти често знаат да бидат скапи, но тоа не ги одвраќа фановите. Особено кога станува збор за големи имиња кои не ги гледате често, како што се легендарните бендови или уметници кои за прв пат доаѓаат во вашата земја.

Сепак, кои се најскапите билети за концерти досега? За да го најдеме одговорот на ова конкретно прашање, треба да се вратиме неколку години наназад и да одиме во 2007 година. Поводот беше големиот концерт во лондонската О2 арена на 10 декември, кој се одржа во спомен на починатиот основач на компанијата  “Atlantic records”, Ахмет Ертегун.

Всушност, бендот тогаш свиреше без нивниот тапанар Џон Бонам, кој почина, а неговото место на тапаните го зазеде неговиот син Џејсон.Оние кои беа на стадионот тој ден зборуваа за „еднаш во животот искуство“. Како што можеби веќе разбравте, цената на билетите за овој историски настан не беше прифатлива. Билетите беа по цена од 230 евра и достигнале цена и до 77.000 евра! Младиот Шкотланѓанец Кенет Донел платил вкупно 154.000 евра за две влезници за овој концерт и така влегол во историјата.

„Всушност го запознавме целиот бенд претходниот ден на пробите и Роберт Плант е навистина убаво момче. Дојде да не види и малку разговараше со нас. Беше одлично“, објасни во тоа време шкотски фан на Led Zeppelin.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement