Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Малку калории, но ризница со нутриенти: Рецепт за најбрзиот сок од боровница,кој е вистинска магија за телото и здравјето…

Боровинките се вистинска суперхрана, а доколку сè уште не сте ги вклучиле во вашата редовна исхрана – направете го овој сок веднаш!Без разлика дали се свежи или од замрзнувач, боровинките се вистинска суперхрана! Можеби се мали, но се богати со хранливи материи. Според здравствената платформа Healthline, боровинките се одлични за крвен притисок, срцеви заболувања, меморија, обновување на мускулите…Тие се слатки, хранливи и многу популарни! Покрај тоа, тие содржат мал дел од калориите и се фантастични во секоја смисла на исхраната, а од нив се прават највкусни рецепти и здрави чаеви.

Зошто треба да ги вклучите во вашата исхрана?

Тие се богати со растителни влакна, витамин Ц, витамин К и манган.
Имаат највисоки антиоксидантни својства од сите овошја и зеленчуци, а флавоноидите се антиоксиданти со најголемо влијание кај бобинките.
Некои студии сугерираат дека сокот од боровинки го намалува оштетувањето на ДНК, што е главна причина за стареење и некои болести.
Антиоксидансите во боровинките може да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања.
Редовното консумирање боровинки е поврзано и со понизок крвен притисок.
Тие се богати со антоцијанин, кој е поврзан со намален ризик од срцев удар.
Имаат антидијабетично дејство, бидејќи го подобруваат нивото на инсулин и го намалуваат шеќерот во крвта

Добри се за уринарни инфекции
Тие помагаат за обновување на мускулите

И поради сите овие придобивки, вистинско време е за здрав и оживувачки сок од боровинки, кој исто така е многу вкусен!

Рецепт за сок од боровинки

Домашното правење сок од боровинки малку се разликува од другите овошни сокови поради количината на пектин, кој природно се наоѓа во боровинките, а многу е здраво да се консумираат овошја богати со него. Сепак, тој е еден вид згуснувач, па ќе забележите дека сокот многу брзо преминува од течен во цврст и затоа треба да го пиете веднаш по неговото правење.

  1. Добро измијте ги боровинките (може да користите и вода и сода бикарбона).

Извадете околу една чаша. Кога ќе се исушат, истурете ги во блендер и додадете засладувач по избор (малку шеќер, стевиа или мед).

  1. Истурете 3 чаши ладна вода или 2 чаши вода и 1 шолја коцки мраз,измешајте.
  1. Пијте веднаш додека е во целосно течна форма. По желба исцедете малку сок од лимон.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement