Бидејќи оваа област има тропска клима, најдобро време за посета е од март до ноември, кога просечната температура на воздухот е помеѓу 26 и 31 Целзиусов степен.
Повеќе од 330 острови го сочинуваат архипелагот Фиџи во Тихиот Океан, иако практично Вануа Леву и Вити Леву сочинуваат дури 85 отсто од вкупната маса, додека само околу сто острови се всушност населени.
Република Фиџи важи за исклучително посетена егзотична дестинација, а позната е по изобилството на феноменални плажи, многубројните капацитети за туристите и добродушните домаќини.Повеќето од островите во овој архипелаг се од вулканско потекло. Оние со помали површини се главно варовници или корали, а многу острови од архипелагот се познати по својата бујна, тропска вегетација. Тие се карактеризираат со изобилство од лагуни и корални гребени, наведува „Tourismfiji“.

Бидејќи во оваа област преовладува тропска клима, најдобриот период за посета е од март до ноември, кога просечната температура на воздухот е помеѓу 26 и 31 Целзиусов степен.
Остров на среќни луѓе
Освен што се сметаат за луѓе кои се навистина среќни и не го кријат тоа, жителите на островите на Фиџи се и исклучително љубезни кон туристите.

Една од особено интересните активности при посетата на Фиџи е секако можноста за посета на традиционално село на локалното население.Од туристите сепак се очекува да ги почитуваат основните правила на однесување, кои треба да ги воведат водичите на тие исклучително интересни тури.

На пример, ако турист има капа или шешир на главата, се подразбира дека треба да ја симне, бидејќи тоа се смета за навреда за началникот на селото што го посетува. При влегување во домот на некој од мештаните, задолжително е да ги соблече чевлите пред влезната врата.

Освен посетата на едно од селата на Фиџи, туристите се особено воодушевени од можноста да присуствуваат на традиционалните церемонии, кои најчесто се придружени со исклучително жива музика и атрактивни танци.
Активности во Фиџи
Доколку туристите сакаат нешто повеќе од одмор на оваа дестинација, покрај уживањето на феноменалните плажи на Фиџи, на располагање им се и бројни спортски активности и тури.

Нуркање, сурфање на ветер и риболов се само дел од активностите на островот. Исто така, туристите можат да уживаат играјќи тенис и голф.
Освен еднодневните тури и крстарења, кои ви овозможуваат подобро да ја запознаете убавината и шармот на островите на овој архипелаг, туристите едноставно можат да изнајмат автомобил и да почнат да ги истражуваат самите острови.
