Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ирина Шајк во фустан кој мора да го имате ова лето: Сензуална, но опуштена верзија на макси фустан…

Ирина Шајк покажа како изгледа нејзината верзија на кежуал стил додека шеташе по улиците на Њујорк. Таа носеше сензуален фустан со леопард принт.

Манекенката ги откри затегнатиот грб и раменици во макси фустан со интересна јака. Бидејќи ова повеќе се наклонуваше кон уличниот стил, таа носеше она што може да се нарече „спортски“ очила за сонце и безбол капа. На Шајк и се придружија нејзините пријатели и шестгодишната ќерка Леа додека уживаа во сладоледот.Изборот на обувки беше нешто што никогаш не очекувавме да одговара на овој фустан. Може да се каже дека носи патики кои на прв поглед изгледаат како копачки. Друг впечатлив детал беше чантата во форма на полумесечина со нитни.

Изгледаше дека под наочарите е целосно без шминка, што е се повообичаено за оваа убавица, со оглед на тоа што на црвениот тепих за време на филмскиот фестивал во Кан се појави и во сосема природно издание.

Ако ви се чини дека животинскиот принт е „надвор од мода“, се лажете. Ова е безвременски моден тренд, а за сезоната пролет-лето 2023 година, различни брендови го имплементираа во различни форми и толкувања.

Со често ненадејната промена на сезоната, брзо чувствуваме потреба да ги намалиме слоевите на облеката за подобро да уживаме во убавите денови на сонце. За овој период од годината, макси фустаните се совршени: тие ви го даваат тој лесен, но стилски изглед. Комбинацијата на Ирина е совршен спој на актуелните трендови.

И додека некои мислат дека леопардскиот принт е „премногу“, може да биде многу стилски. Клучот за постигнување на овој изглед е мешањето на различни текстури и кроеви во опуштена силуета која е ефикасна, но не и пресилна.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement