Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кога две поранешни сопруги се среќаваат на модна ревија: Моника Белучи и Тина Кунаки не ги спојува само ист маж, туку и нивниот моден вкус…

Освен што имаат ист вкус за мажи, двете фатални дами делат и слично чувство за мода.

Една од најубавите жени во светот, холивудската икона Моника Белучи и манекенката Тина Кунаки, на која и предвидуваат грандиозна кариера, синоќа се појавија на ревијата на престижниот луксузен бренд „Jacquemus“.

Сето ова не би било таква сензација доколку овие две дами не ги спои љубовта кон ист маж. Имено, Моника беше во брак со актерот Винсент Касел од 1999 до 2013 година, а Тина од 2018 година до пред неколку месеци. За нивното ривалство никогаш немаше ниту збор, а единственото нешто што медиумите секогаш го нагласуваа е неверојатната убавина на дветр избранички на актерот.

Моника блескаше во темно кафеав костум, кој го спои со црни очила, чанта и чизми во иста боја.

Светлите прамени во нејзината темна коса дополнително го истакнаа аутфитот.

Тина се појави во малку попредизвикувачко издание, целата во бело.

Имено, помладата убавица донесе интересна бела комбинација составена од болеро со градник одоздола и лелеаво мини здолниште.

Нејзината коса беше фатена назад во тесна „балерина пунџа“.

Иако разликата меѓу нив е неверојатни 33 години, тешко е да се одлучи која изгледа подобро. И не треба, кога и двете блескаат.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement