Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

За својот стоти роденден, Дизни лансира мотоцикл “Vespa”…

Со оваа соработка “Vespa” и Дизни му оддаваат почит на познатиот херој на анимираниот филм Мики Маус.
Гигантот од светот на забавата – компанијата Дизни годинава слави стогодишнина, а прославата ја започна со соработки со познати светски брендови. Една од нив е иконската италијанска веспа, која во соработка со компанијата лансираше мотоцикл во чест на нивниот познат херој, Мики Маус.

Како што пишува порталот HypeBeast, Vespa, која вообичаено игра на картата на слободата и забавата, со Дизни споделува уникатен пристап за раскажување приказни кои завеле милиони фанови ширум светот.

Препознатливи бои
Познатата “Vespa”, односно нивниот препознатлив мотоцикл, овојпат е обоен во црвена, бела и жолта боја; Бои на Мики Маус. Жолтата боја на тркалата е ода на чевлите на Мики, а црните огледала се дизајнирани да личат на неговите тркалезни уши.

На страните на мотоциклот е испечатена силуетата на познатиот глушец. Фановите на Дизни и “Vespa” можат да купат и кацига во исти бои и на тој начин да им оддадат почит на ликовите кои се создадени во стогодишната фабрика за забава. Инаку,”Vespa” се појави во анимираниот филм „Лука“ во продукција на „Disney“ и „Pixara“, во кој две момчиња-риби сонуваат за слобода и “Vespa”.

Прочитај

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Green Tea

При одржување на која било романтична врска, експертите истакнаа неколку навики кои можат да помогнат врската да преживее дури и во најтешките периоди. Успешната...

Green Tea

На која возраст всушност почнуваме да старееме? На која возраст всушност почнуваме да старееме? Според една студија, стареењето се случува брзо во текот на...

Wall Street

Инстант лозот „Калинка“ е еден од најпрепознатливите и најомилените лозови на Државна лотарија. Пласиран уште во 2010 година како прв паричен лоз во историјата...

Advertisement