Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Го молела да престане да ја заведува: Том Круз го прашале што мисли за Шакира, а одговорот бил очекуван…

Во екот на гласините дека холивудскиот актер ја изгубил главата поради огнената Колумбијка, во едно интервју бил запрашан што мисли за неа.

Колумбиската пејачка Шакира неодамна ја следеше Формула 1 трката во Мајами во друштво на холивудскиот актер Том Круз, што веднаш ги подгреа гласините.

Популарниот холивудски актер и пејачката беа одлично расположени, видени се како весело разговараат,не се разделија цело време, а не се знае дали била случајна средбата или заедно пристигнале.

Во секој случај, веднаш се појавија озборувања дека Круз бил маѓепсан од пејачката и згора на тоа дека се заљубил.

Светските медиуми пишуваа дека тој „навистина чувствувал дека има врска со пејачката“, како и дека почнал да планира како да го освои срцето на Шакира, додавајќи дека таа била љубезна кон актерот, но не се интересира за него.

Сега, неколку недели подоцна, за време на разговорот со шпанската новинарка Џесика Родригез како дел од промоцијата на филмот „Невозможна мисија: Одмазда – Прв дел“, Том Круз беше прашан за Шакира.

  • Таа е многу талентирана. Таа и нејзиното семејство се прекрасни луѓе – изјави актерот со насмевка на лицето.

Тој исто така истакна дека е голем обожавател на Шакира и што мисли за неа како личност.

  • Секогаш се восхитував на нејзината работа.Таа е многу добра личност, таа е многу добра личност – изјави Том Круз.

Како што пренесуваат светските медиуми, актерот е многу упорен во обидите да ја освои Шакира и таа наводно го „молела“ да престане да флертува бидејќи не сакала да ги повреди неговите чувства или да го понижи.

  • Нема привлечност од нејзина страна, таа е само љубезна – изјавил извор близок до Колумбијката за магазинот Heat. – Таа е поласкана, но не заинтересирана.

Да потсетиме, Шакира во април 2022 година раскина со шпанскиот фудбалер Жерар Пике по 12 години љубов, во кои ги добија синовите Милан и Саша.

  • Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш главен приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – стои во соопштението за медиумите кое го објави поранешната двојка.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement