Рецептот за салатата на Џенифер Анистон со која успеала да ослабе дури 15 килограми – содржи варени јајца и сланина.
Актерката Џенифер Анистон мораше да ослабе околу 15 килограми за улогата на Рејчел Грин во познатата серија „Пријатели“ и достигна тежина од 47 килограми. Актерката решила да го направи тоа на здрав начин, па наместо да се изгладнува, често подготвувала салата.
Тоа е „Cobb salad“ која се подготвува кога сте на кето диета и се заснова на минимален внес на храна со јаглени хидрати и се фокусира на протеини и масти. Таквата диета придонесува за брзо губење на тежината, а телото добива важни состојки.
За да ја подготвите „Cobb salad“ со која Џенифер Анистон ослабе, ќе ви требаат состојки кои нутриционистите ги сметаат за здрави, но и сланина! Нејзиниот посебен шарм е во совршениот прелив, кој прекрасно спојува сè.
Состојки:
300 гр зелена салата
300 гр пилешко филе
150 гр чери домати
10 прстени свежа краставица
2 јајца
2 парчиња сланина
20 гр авокадо
50 гр мувлосано сирење
Прелив:
1 лажица сенф
1 лажица маслиново масло
1 лажица вински оцет
1 чешне лук
1 каранфилче
Подготовка:
Исечете ги состојките за салата и измешајте. Соединете ги сите состојки за преливот, па прелијте ја со салатата. Нежно измешајте и ставете во фрижидер убаво да се излади.
