Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ова го може само Бијонсе: Изгледа прекрасно и луксузно во костум налик на пижами…

Таа веќе две децении ги диктира модните трендови.

Пејачот Фарел Вилијамс синоќа ја претстави првата ревија на модната куќа „Louis Vuitton“ откако стана нов креативен директор на овој бренд.

Ревијата се одржа во Париз, а познатите личности кои дојдоа да ја поддржат ги воодушевија љубителите на модата со својот стајлинг.

Како и секогаш, Бијонсе, која 20 години ги диктира модните трендови, се издвои од толпата.

Таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи го привлекоа целото внимание кога се појавија во комбинации за кои ќе се зборува.

Пејачката за оваа прилика беше облечена во фантастичен свиленкасто златно жолт „Louis Vuitton“ костум кој неодоливо потсетува на пижами.

Бијонсе стави и гломазни очила за сонце, дијамантски ѓердан и црна чанта со логото на брендот.

Џеј Зи се одлучи за кафеав костум и елек под кој носеше бела кошула, а лакираните чевли одлично се совпаѓаа со целата комбинација.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement