Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

„Пловечки“ замок на езеро кој ќе ве натера повторно да посакате да одите во Италија…

Во Сирмионе доминира замокот Скалигер, кој бил изграден во 13 век. Исклучително е сочуван, а поради специфичниот начин на градба изгледа како да плови на езеро…

Сирмионе се наоѓа на југот на езерото Гарда, на половина пат помеѓу Бреша и Верона, што го прави идеална почетна точка за истражување на Ломбардија и Венето. Исто така, во близина е и забавниот парк Гардаланд, до кој може да се стигне за помалку од половина час со автомобил.

Историскиот град се наоѓа на мал полуостров кој го дели долниот дел од езерото Гарда. Уште од античките времиња, Сирмионе е богослужбено место за богаташите од соседството кои доаѓале таму да уживаат во прекрасната атмосфера и глетка, како и во лековитите термални води.

Познатата сопранистка Марија Калас го препознала како идеално место за живеење, а овој мал град на издолжен полуостров ги инспирирал писателите како Стендал и Гете поради неговата исклучителна убавина, тесните камени улички и романтичната атмосфера.

Во Сирмионе доминира замокот Скалигер, изграден од семејството од кое го добило името во 13 век. Исклучително е зачуван, а поради специфичниот начин на градба изгледа како да плови по езеро.

Импозантните кули и пешачки мостови под нив формираат незаборавна глетка. Пештерите на Катул се исто така една од атракциите. До урнатините на античката римска вила и малиот музеј се наоѓаат маслинови градини и плажа со бројни ресторани и кафулиња.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement