Синот на легендарниот Хју Хефнер, Марстон, ја изненади целата јавност и со својата одлука и со причината за истата.
Синот на починатиот сопственик на познатиот магазин „Плејбој“ ја извести јавноста дека нашол начин лесно да ги заработи парите што му се потребни за една од своите страсти.
Сите се зачудија кога ги откри овие две работи. Првата е како ќе заработи, а втората зошто му се потребни.
Марстон реши да заработи преку платформата „OnlyFans“. Неговата сопруга Ана не била многу среќна кога тој и кажал како планира да ги добие парите.
- Таа баш и не е луда по тоа што сум на платформата.Таа не е воодушевена од мојата одлука, но она што и е поважно е да ги следам моите соништа и интереси, да ризикувам – изјави Марстон.
Објаснува дека тоа некако му е нормално, со оглед на тоа кој му бил татко.
- Нема ништо лошо во голотијата и сексуалноста. Пораснав во таква средина каде голотијата е нормална – вели Марстон.
А причината поради која се одлучил на овој чекор е желбата лесно да ги заработи потребните пари за да купи „Покемон“ налепници и стрипови.
Тој рече дека има намера да купи „Покемон трофеј картичка“, која вообичаено чини околу 100.000 долари, пред крајот на годината.
