Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

СЕГА МОЖЕТЕ ДА ОДМОРИТЕ ВО ОМИЛЕНАТА ВИЛА НА МАРАЈА КЕРИ ЗА САМО 6,21 ДОЛАРИ…

Познатата пејачка Мараја Кери преку Booking.com сега нуди сместување во омилената вила за одмор на Беверли Хилс.

Ова лето буквално може да доживеете викенд во стил на позната музичка ѕвезда. Мараја Кери им даде можност на своите верни фанови и на пошироката јавност да резервира престој во вилата во која ги поминува слободните денови.

Луксузната вила од 965 квадратни метри има 8 спални соби и 10 бањи и се наоѓа во Беверли Хилс. Поп-дивата со семејството и нејзините сакани кучиња престојува таму во последните три месеци.

Луксузните погодности на имотот, кои се движат од сауна до приватен базен во дворот, се само некои од поволностите што доаѓаат со резервацијата, насловена како  „Mariah’s Beverly Hills Escape“, како и специјална маршрута дизајнирана од петкратната добитничка на Греми награда. .

Откако ќе се опуштите и ќе уживате во живописниот поглед на куќата, возбудливата листа на активности дизајнирана од Мараја ќе ве однесе до рестораните, музеите и продавниците во околината. Искуството вклучува резервации на познати места во Лос Анџелес како што се Terrace, Cara, Nobu Malibu, Dan Tana’s i Craig’s.

Моден стилист ќе ви помогне да се облекувате соодветно за секое вечерно излегување, додека приватната сесија за дотерување ќе ви даде совети за убавина. Конечно, одличен „пакет“ вклучува кратки патувања до локални атракции како Кањонот Рањон и Центарот Гети.

„Јас и моето семејство уживавме во сиот луксуз што го нуди овој прекрасен дом, а сега моите обожаватели имаат можност да го искусат Лос Анџелес на мој начин, престојувајќи во истата куќа и посетувајќи ги сите мои омилени места во областа.

Резервациите за „Mariah’s Beverly Hills Escape“ ќе бидат отворени на 21 јуни. Вилата ќе биде достапна за еден среќник (максимум двајца гости) од 24-26 јуни за само 6,21 долари. Гостите кои престојуваат во објектот мора да бидат на возраст од 21 година или повеќе, а цената вклучува појадок, ручек и вечера. За повеќе информации, можете да ја посетите веб-страницата на Booking.com.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom