Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Има три деца и 20 години изгледа исто: Меган Фокс не крие на која популарна диета и ја должи својата совршена фигура…

Минуваат години, а таа е секогаш иста – ултра згодна, фит и здрава. Како Меган Фокс успева никогаш да не се бори со вишок килограми?

Американската актерка Меган Фокс ја започна својата кариера пред повеќе од две децении, а вниманието на светската публика го привлече кон себе со улогата во филмот „Трансформери“.

Оттогаш играше во неколку успешни продукции, а од првите холивудски денови е задолжително име на листите на најатрактивни жени во Холивуд и на планетата. Таа позираше за насловните страници на многу престижни списанија, а интересно е што откако Меган Фокс стана позната изгледа, горе-долу, идентично, само со повремени промени на косата.Совршената фигура ја задржала и по раѓањето на синовите Ноа, Боди и Џорни, а тајната на нејзината беспрекорна фигура и здравје е во кето диетата.Како што еднаш објасни, таа се обидува да се придржува до диета со малку јаглехидрати, што и овозможува да остане во форма. Таа троши помали порции висококвалитетни јаглехидрати и масти, додека најголем дел од калориите ги добива од посни протеини.

Како јаде Меган Фокс?

Меган Фокс избегнува преработена храна, млечни производи, рафиниран шеќер и хидрогенизирани масла, а нејзините водечки извори на јаглехидрати се овошјето и зеленчукот.

Добар дел од нејзиното мени се базира на белки од јајца, лосос, пилешки прсти и протеински шејкови, напиша Sportskeeda.

Избегнува сè со додадени шеќери, конзерванси и вештачки материи, а често консумира маслиново масло, авокадо, коскесто овошје и семки.

  • Исфрлив се што е лошо за мене, како леб и нездрави грицки. Најлошото нешто што го ставам во телото е кафето – истакнала еднаш актерката. – Нема крекери, ѓевреци, чипсови. Ништо нездраво!

Според неа, во текот на денот има пет мали оброци, а најчесто го јаде следново:

за појадок – белки, бадеми, овесна каша
за ручек и вечера – печен или чаден лосос со многу салата

Меган истакнува дека не си дозволува „измамнички денови“, па наместо да го јаде она што навистина го сака, само фантазира за тоа.

Да имав ден да јадам што и да посакам,би јадела пица или торта – признава актерката.

Сепак, таа не се грижи само за својот изглед, таа во едно интервју истакнала дека „јаглехидратите направиле да се чувствува лошо“.

Појадокот е најважниот оброк во денот и никогаш не го прескокнува, а исто така е многу посветена на вежбање, пред се кардио тренинг програма.

Прочитај

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Green Tea

При одржување на која било романтична врска, експертите истакнаа неколку навики кои можат да помогнат врската да преживее дури и во најтешките периоди. Успешната...

Green Tea

На која возраст всушност почнуваме да старееме? На која возраст всушност почнуваме да старееме? Според една студија, стареењето се случува брзо во текот на...

Wall Street

Инстант лозот „Калинка“ е еден од најпрепознатливите и најомилените лозови на Државна лотарија. Пласиран уште во 2010 година како прв паричен лоз во историјата...

Advertisement