Ана Ивановиќ неодамна се породи, а покрај трите малечки за кои се грижи, поранешната тенисерка не ги запоставува ниту здравите навики.
Ана објавуваше фотографии од здрави оброци дури и за време на бременоста, а тоа го прави и сега.
Таа на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија на која покажува како изгледа нејзиниот идеален оброк кој и дава енергија.
Нејзиниот оброк се состои од гранола и овошје, а Ана решила да додаде јаболко, банана, боровинки, малини, калинка и манго.

Секако, изборот може да биде различен според вашиот вкус.
Ана под оваа фотографија напиша:
- Енергетски поттик за почеток на неделата – се што ми требаше.
