Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

10 милиони долари за луксуз и парче рај на земјата: Куќата на Новак Ѓоковиќ во Марбелa е изградена за уживање…

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ почетокот на пандемијата го помина во оваа вила, која потоа реши да ја купи, пишуваат шпанските медиуми, а сега често и среќно се враќа во неа.

Најдобриот тенисер во историјата на овој спорт Новак Ѓоковиќ со години живеел со семејството во Монако, но пред извесно време решил неговите деца да растат и да студираат во родната земја.

Затоа во Србија се вратил со сопругата Јелена Ѓоковиќ, синот Стефан и ќерката Тара, но поради природата на работата сè уште често е на патувања.Друго место кое Новак често го посетува и на некој начин е неговиот дом е Марбела, град на југот на Шпанија, каде пред три години купил луксузна вила и вистинска мала оаза.Таму тој и неговото семејство ги поминаа првите денови на карантин на почетокот на пандемијата на Ковид, а медиумите тогаш пишуваа дека овој имот толку му се допаднал што решил да стане негов сопственик.

После тоа, за деталите за новата куќа на Ѓоковиќ пишуваше италијанскиот весник „Corriere dello Sport,“, во кој се наведува дека има девет соби, осум бањи, базен, теретана, кино сала, спа центар…

Откако шпанските медиуми објавија дека тенисерот изнајмил вила за 10.000 евра месечно, а ја купил за цели 10 милиони долари, еден италијански весник објави дека оваа сума е преголема.

Луксузниот имот се наоѓа на само пет минути од центарот на градот и во близина на тениските терени на клубот Puente Romano, каде што тренира кога престојува во Марбела.

Исто така, во оваа луксузна куќа Ѓоковиќ може да ужива во погледот на планините и морето, како и во феноменалната клима во текот на целата година. Дворот е полн со зеленило, градината е уредена, а има и палми…

Совршено за семејно уживање!

Прочитај

____celebrity

Американската пејачка и актерка Аријана Гранде се појави во средата вечерта на светската премиера на филмот „Focker-In-Law“ во њујоршкиот театар „Бикон“, придружувана од нејзиното...

Green Tea

Кај младите корисници на електронски цигари, по просечно една година, е забележано значително намалување на функцијата на белите дробови, се вели во мала прелиминарна...

____celebrity

Меган Маркл се соочи со критики откако се повлече од одржување говор за безбедноста на децата на интернет, кој требаше да го одржи заедно...

Green Tea

Лицето ќе изгледа одморено и посвежо. Нема потреба да посетувате козметички салон за убав тен, да трошите пари на скапи третмани или да купувате...

Advertisement