Тоа се најчесто рурални средини, кои младите ги напуштаат во потрага по подобар живот, па бележат намалување на бројот на жители.
Има се повеќе места во Европа чии власти се наклонети на различни начини за да се зголеми бројот на жители. Некои од нив одат дотаму што на потенцијалните нови жители дури и плаќаат одредена такса за преселување.
Тоа се најчесто рурални средини, кои младите ги напуштаат во потрага по подобар живот, па бележат намалување на бројот на жители.
Фантастичен поглед на Алпите
Повеќе од 50.000 евра се нудат на семејствата кои сакаат да се преселат и трајно да живеат во селото Албинен, кое се наоѓа на швајцарските Алпи. Ова планинско село припаѓа на кантонот Вале, а од познатите алпски скијачки центри е на околу еден час возење.

За да можат заинтересираните да добијат 25.000 швајцарски франци (околу 25.000 евра) и 10.000 швајцарски франци (околу 10.000 евра) по дете, тие мора да бидат помлади од 45 години, да имаат швајцарско државјанство или дозвола за престој Ц доколку се странци, според Euronews.com.“ Потребно е и да живеат во куќа чија вредност е најмалку двесте илјади евра, со обврска да живеат во ова село во наредните десет години.
До 150 евра месечно
Доколку некој сака да се пресели во селото Рубија, кое е на нешто повеќе од два часа возење од шпанскиот град Сантијаго де Компостела, ќе биде награден со сума до 150 евра месечно.

Селото Рубија припаѓа на регионот на Галиција, а локалните власти се надеваат дека оваа идеја ќе им донесе зголемување на бројот на жители.
Уживање со работа
Секој што ќе реши да се пресели во Италија има можност да заработи до 28.000 евра. Станува збор за село со околу 2.000 жители во регионот на Калабрија, кое им нуди на луѓето помлади од 40 години да се преселат.
Заинтересираните треба да исполнат уште еден услов – да започнат сопствен бизнис или да најдат во ова село.

За да имаат право на сума до 30.000 евра, секој што е заинтересиран да се пресели во село во регионот на Пуља, во Италија, мора официјално да го пријави своето живеалиште таму. Тие имаат право со добиените пари да купат еден од многуте напуштени имоти во селото и да го реновираат.
Селото Прешичче-Акуарица оди чекор понатаму, а за секое родено бебе таму доделува дополнителни 1.000 евра.
