Холивудската икона Наоми Вотс е пример дека среќата во љубовта не доаѓа само еднаш. Мирот го пронашла со Били Крудуп, актер кој го запознала на снимањето на „Gipsy“. И двајцата имаат деца со претходни партнери.
Иако ја потврдија врската во 2017 година, заедно се појавија во јавноста дури во 2022. А сега се фотографирани во многу необично издание кое веднаш открива за што се работи – свадба!
За овој посебен ден Наоми избра долг бел фустан од тантела кој одлично ја истакна нејзината витка силуета.

На нозете носеше сандали во боја на кожа, а како аксесоари имаше крем очила и едноставно ланче.
Нејзината руса коса беше обликувана во меки бранови.
Актерката во раката држела букет цвеќе, а насмевката не ѝ ја напуштила лицето. Нејзиниот партнер Били беше во свечено темно сино одело.

Она што не успеа да им избега на папараците се бурмите на прстите на холивудската двојка.


И ние им посакуваме многу среќа!
