Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најдобриот светски фудбалер купи стан до кој ќе може да стигне – со автомобил во лифт…

Еден од најдобрите играчи во светот, Аргентинецот Лионел Меси, по истекот на договорот со францускиот Пари Сен Жермен, кариерата ја продолжува на американскиот континент, каде потпиша договор со Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам.

Како што веста се ширеше со молскавична брзина, популарноста на клубот растеше невидено – помалку од милион луѓе го следеа на социјалните мрежи, а сега има повеќе од седум милиони. Секако поскапеа и влезниците за натпреварите, па до неодамна беа околу триесетина долари, а сега кај препродавачите чинат десет пати повеќе.

Меси веќе најде место каде ќе направи „гнездо“ со сопругата Антонела и трите деца Тијаго, Матео и Чиро, а тоа е луксузен стан на два ката во елегантната кула Porsche Design на плажата Сончев остров во Мајами.

Брендирана од истоимениот германски производител на автомобили, зградата може да се пофали со три лифтови за автомобили кои им овозможуваат на жителите да ги паркираат своите возила во простор затворен со стакло на истиот кат како и нивниот стан опремен, се разбира, со најсовремени апарати и технологија. Овој софистициран станбен облакодер е суштината на луксузното живеење, има 132 станбени единици од 250 до 500 квадратни метри со балкони и поглед на океанот, приватен ресторан, приватно кино, огромен базен, најсовремен спа и фитнес центар, соба за забава, виртуелен терен за голф…

Меси за својот стан во оваа луксузна зграда плати бедни 7,1 милиони долари,со оглед на тоа дека во Мајами ќе добива неверојатни 50 милиони долари по сезона, се шпекулира дека дел и од преносот на натпреварите ќе добие и од интернет гигантот Apple.

„Да ми беа важни парите, ќе одев во Саудиска Арабија.Тоа ми изгледаше како многу пари, но мојата одлука е донесена заради семејството, а не заради парите.” – изјави „скромниот“ седумкратен освојувач на Златната топка по потпишувањето на договорот со Мајами, кој му го обезбеди статусот на најплатен фудбалер во американската лига.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement