Челниците на “General Motors” сè уште веруваат во самоуправувачките автомобили и веруваат дека тие ќе бидат „голема работа“ во наредните години.
На конференцијата Санфорд Бернштајн во Детроит, извршната директорка на “General Motors” Мери Бара ги коментираше нивните самоуправувачки автомобили и роботакси услугите.

За време на конференцијата, Бара рече дека гледа „огромна можност за раст“ во одделот за автономни возила на General Motors GM Cruise. Сепак, таа отиде чекор подалеку и најави дека компанијата може да продава самоуправувачки автомобили на клиентите до крајот на деценијата – според Reuters.
„Сè уште веруваме дека до 2030 година ќе имаме широк спектар на целосно автономни возила и дека дури ќе ги продаваме на приватни клиенти. Иако моментално сме во загуба, очекуваме дотогаш да имаме годишен приход од над 50 милијарди долари!Нашата цел не е само американскиот пазар, туку ги таргетираме и Дубаи и Јапонија, кои треба да станат наши нови, големи пазари. Се надеваме дека ќе ја прошириме понудата на автономни возила за испорака на стоки и слични услуги“, заклучува Бара.
