Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Безвременската елеганција на Сара Џесика Паркер: пастелни бои и впечатливи салонки…

Жена која плени на улица колку и на црвениот тепих.

Кога ќе кажеме Њујорк, првата асоцијација, барем за нас жените, е главно магичниот Менхетен, романтичните прошетки во грандиозниот Централ парк и секако култната серија „Сексот и градот“ која одбележа неколку генерации жени. И нејзиниот главен протагонист, Сара Џесика Паркер.

Сара, како и нејзиниот лик Кери Бредшо, го обожава овој град, а денес е видена како ги разубавува неговите улици.

Актерката се појави во фустан од пастелни бои, со интересен дезен, а над него носеше јакна со цветен дизајн.

На нозете носеше влечки во екстравагантна розова нијанса.

Што се однесува до аксесоарите, таа избра голема бела чанта, која сега е во мода и со тоа покажа дека ги следи трендовите.Нејзината густа руса коса како и секогаш беше совршено стилизирана.

Сара суверено царува на модниот трон веќе 25 години, а времето поминато таму само ја зголемува нејзината креативност.

Таа е и голем љубител на книги, па не нè чудеше што држеше една во рака.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement