Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Освежителен микс за слабеење и исфрлање на мастите и водата од телото…

Комбинацијата од зеленчук и овошје со додаток на лимон не е само „бомба“ за имунитет, туку и одличен напиток за исфрлање на токсините од телото.

Магдоносот, лимонот и краставицата се основа за витамински напиток кој е нешто помеѓу сок и смути, со големи здравствени придобивки. Ако додадеме, на пример, јаболко, нане, малку целер,здравствените придобивки само се зголемуваат.
Кога барате рецепти за пијалок кој би можел да ве освежи и во исто време да биде нискокалоричен, покрај тоа што е добар диуретик, обично сè ќе се „врти“ околу претежно зелената боја и додавањето на нешто портокалово или жолто. Поголемиот дел од соковите или смути кои ги препорачуваат нутриционистите за слабеење се направени врз основа на малку груби совети како што се: исецкајте, измешајте и изблендирајте што има во вашата кујна или фрижидер во тој момент, нема да има штета, освежувањето е загарантирано и тоа е тоа.

Сепак, треба да внимавате и што ставате во блендерот. Сите состојки не реагираат добро една на друга во комбинација, а некои од нив дури можат да ги поништат благотворните својства. Еве пијалок што го прави сосема спротивното и чии основни состојки: магдонос, лимон и краставица, заедно со некои други адитиви, претставуваат вистинско богатство на витамини, минерали и антиоксиданси, со фантастичен, освежителен вкус.
Овој пијалок нуди голем број здравствени придобивки, карактеристични за секоја храна поединечно. Буквално, како во овој пијалок да имаме неколку лековити состојки во една чаша. Некои од нив се:

-Помага при слабеење (нискокалоричните хранливи материи го прават овој пијалок погоден за употреба поради побрзото исфрлање на мастите и водата)
-Зајакнување на имунолошкиот систем (содржи солидна количина на витамин Ц)
-Висока содржина на витамини и минерали (А, К, Б9-фолат, калциум, калиум)
-Ниски јаглехидрати
-Природен диуретик (ја намалува надуеноста, задржувањето на водата и вишокот течности)
-Богат со антиоксиданси
-Може да помогне во намалување на крвниот притисок
-Влијае на регулирање на нивото на шеќер во крвта (кога се консумира со храна, сокот од лимон може да ја забави конверзијата на скроб во шеќер)
-Користи за детоксикација
-Можна помош со камења во бубрезите (истражувањата покажуваат дека магдоносот и неговите пијалоци позитивно влијаат на разградувањето на песокот и камењата)
-Го освежува здивот
-Не содржи глутен.


-За дневната количина на овој пијалок ви треба:

-Грст свеж магдонос
-Една краставица
-Еден лимон
-Неколку листови спанаќ
-Листови од нане
-Половина јаболко
-Малку сол

Исецкајте ги и изблендирајте ги сите состојки.Не пијте повеќе од две чаши дневно, а после максимум две недели користење направете десетдневна пауза.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement