Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Познатиот пар повторно раскина по шест недели: „Помирувањето беше грешка“…

На врската на музичката двојка Шон Мендес и Камила Кабело и дојде крајот, се чини овој пат – засекогаш.

Музичарите Шон Мендес и Камила Кабело беа видени како споделуваат бакнежи на музичкиот фестивал Коачела во април, и се чинеше како да цветаат рози во нивната обновена врска. Сепак, шест недели подоцна парот ја прекина врската и се чини дека со вториот обид за љубов сфатија дека сепак не се еден за друг.

Имено, како што откриваат британските медиуми, тие сфатиле дека нивното помирување било грешка и дека првиот пат раскинале со добра причина. “Шон и Камила имаат заедничка историја и сакаа да се обидат да бидат заедно. Но, тоа беше само занес кој заврши и сега тие раскинаа засекогаш”, открил извор близок на парот.

Фановите беа воодушевени кога Шон и Камила почнаа да се забавуваат во јули 2019 година. На почетокот на пандемијата, тие се преселиле во заеднички дом, но раскинале многу брзо, по две години врска – во декември 2021 година. Тие тогаш изјавија дека поради љубовта не можат доволно време да посветат на својата музика, а дека раскинале, објавија заедно на Инстаграм, со порака дека љубовта останува меѓу нив и дека секогаш ќе бидат добри пријатели.

По раскинувањето и двајцата се обиделе да имаат други врски, но наводно сепак имале чувства еден за друг, што довело до нивно помирување оваа пролет. Шон, наводно, ја споредувал секоја девојка со кубанско-американска пејачка. „Во реалноста тие не се романтично компатибилни и сега мора да продолжат понатаму“, рекол извор близок до парот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement