Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Спортистите секоја година заработуваат неверојатни суми на пари и тоа сите го знаеме,кои се 10-те најбогати спортисти на светот?

Сите знаеме дека најдобрите спортисти во светот имаат неверојатна заработка на годишно и месечно ниво, кои се мерат во милиони долари. По само неколку години спортување, тие се обезбедија себеси и неколку генерации однапред за целиот свој живот.

Сепак, како и на сите други листи на најбогати, така и на оваа има одредени промени. Решивме да ви ги претставиме 10-те најбогати спортисти во светот, кои се наоѓаат на листата на најбогати на магазинот Forbs.

  1. Луис Хамилтон
    Оваа година Хамилтон инкасирал вкупно 46 милиони долари, од кои 38 милиони се неговата плата, додека останатите осум се парични надоместоци од неговите спонзори. Ако не сте знаеле, тој се занимава со автомобилски трки.
  1. Џејмс Харден
    Овој кошаркар има вкупно 46,6 милиони долари, од кои 26,6 добил како плата, а 20 заработил рекламирајќи разни брендови.
  1. Стивен Кари
    Стивен Кари, уште еден кошаркар на оваа листа, заработил вкупно 47,3 милиони долари – 12,3 како плата, а 35 добил од спонзори.
  1. Рори Мекилрој
    Професионалниот голф отсекогаш добро се плаќал, па така Мекилрој годинава заработил 50 милиони, односно 16 милиони долари плата и 36 милиони долари од рекламни договори.
  1. Ендру Лак
    Исто како Мекилрој, Ендрју кој се занимава со американски фудбал, годинава заработи 50 милиони, од кои 47 милиони долари плата и 3 милиони од спонзори.
  1. Кевин Дурент
    Познатиот кошаркар инкасирал 60,6 милиони долари, од кои 26,6 милиони се неговата плата, а 34 милиони се хонорари за неговите рекламни договори.
  1. Роџер Федерер
    Познатиот тенисер и жесток противник на Новак Ѓоковиќ заработил 64 милиони долари, односно 6 милиони долари плата, а 58 милиони долари од рекламни спонзори.
  1. Лионел Меси
    Меси заработил 80 милиони долари, 27 од рекламни спонзори, а 53 на теренот.
  1. Леброн Џејмс
    Најдобриот кошаркар на денешницата собра 86,2 милиони – 55 од рекламните спонзори, а 31,2 од својата врвна игра.
  1. Кристијано Роналдо
    Секако, Роналдо е број еден на оваа листа, со 93 милиони долари. Рекламните договори годинава му донесоа 35 милиони, додека на теренот заработи 58.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement