Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Висока само 163 сантиметри, актерката визуелно ја издолжи фигурата: Ова е доказ дека вистинскиот избор на гардероба може да направи чуда…

Познатата оскаровка Џесика Честејн изгледаше одлично пред студиото на NBC во Њујорк. За снимањето на Today Show, 46-годишната актерка се одлучи за комбинација на која ниту една жена не може да остане рамнодушна.

Со изборот на кралско сино одело, Џесика ја истакна својата црвеникава коса која со години е нејзин заштитен знак.

Висока само 163 сантиметри, актерката визуелно ја издолжи фигурата со сако со висок струк и широки панталони и бела кошула,а целиот стајлинг го заврши со популарната чанта Hermes.Со таков паметен избор на гардероба, таа постигна “wow” ефект и успеа да ја издолжи целата своја фигура, правејќи да изгледа барем 10 сантиметри повисокa отколку што е.

46-годишната актерка, која може да добие номинација за Еми за нејзиното портретирање на кантри пејачката Тами Винет,пристигна во шоуто „Today“ за да разговара со водителката Хода Котб (58) за номинацијата за најдобра актерка.

– Тоа е остварување на сонот – признала актерката додека седела на снимањето на оваа популарна емисија и додала:

  • Сонував да живеам во Њујорк. Сонував да бидам тука, и успеав – изјави таа.

Џесика разви фантастичен моден стил, а се чини дека е вистински мајстор да ги прикрие своите маани, овој пат висината, во свој адут со тоа што ќе избере гардероба која работи во нејзин интерес.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement