Постојат две причини зошто е забележано ова издание на принцезата од Велс.Малку се парчињата облека кои добиле историско значење поради нивното постоење и ситуацијата во која се носеле.И ова е еденo од нив.
Принцезата Дијана беше позната како стилска икона која привлекуваше внимание каде и да се појави и што и да облече.Сепак, фустанот што го носеше во 1994 година стана икона од две причини: прво поради тоа што остави неверојатен впечаток кај сите, а второ поради околностите.Истиот ден, принцот од Велс во телевизиски документарец призна дека и бил неверен на сопругата и дека ја изневерил со Камила Паркер Боулс.
И тогаш принцезата од Велс ги промени плановите и и покрај навестувањата дека ќе носи наметка на Valentino за галеријата Serpentine, таа облече провокативен црн свилен мини фустан со голи раменици,длабоко деколте и гол грб штоги истакнуваше контурите на нејзиното тело.
Со овој фустан, принцезата од Велс носеше црни мокасини и црна чанта, а впечатливата огрлица не остана незабележана.

Интересно е што овој фустан на грчката дизајнерка Кристина Стамболиан,принцезата Дијана го нарачала во септември 1991 година, многу пред да кулминира раздорот со нејзиниот сопруг, принцот Чарлс.
Додека пазаруваше во продавница на грчки дизајнери, Дијана избра неколку парчиња и и рече на Кристина:
- Сакам посебен фустан за посебна пригода. Не е важно дали е краток или долг. Мора да е нешто посебно…
Иако презеде одреден моден ризик, тие одлучија фустанот да биде црн, а потоа две шивачки направија рачно сошиен фустан кој чекаше три години во гардеробата на Дијана за вистинска прилика да биде облечен.

Откако нејзиниот сопруг јавно призна дека ја изневерува, таа реши да изгледа како милион долари и да го облече она што подоцна ќе стане „одмазднички фустан“.
Ова издание на Дијана предизвика бурни реакции, бидејќи не беше фустан соодветен за принцеза, а од друга страна, иако го наруши кралскиот протокол, беше неповратно елегантно и волшебно.
Дотогаш не можевме да ја видиме во кратки вечерни изданија, а освен тоа, познато е дека црната боја кралското семејство вообичаено ја резервира за денови на жалост и погреби.

Така, поврзувањето на одмаздничкиот фустан со жалењето за бракот на Дајана и Чарлс е еднa од можните претпоставки.
- Стана прилично симболичен момент во кој таа избира да носи црно и претставува смрт на бракот, оддалечување од палатата, а потоа и повторно раѓање на оваа независна жена – објасни во една прилика соработничката костимографка Сидони Робертс која соработуваше на серијата „The Crown“.
