Во центарот на Тихиот Океан, во областа на Француска Полинезија, се наоѓа една од, според мислењето на многумина, најубавите дестинации во тој дел од светот.
Плажите покриени со бел песок, тропска вегетација и гламурозни врвови, но и тиркизно синото море, вулканските врвови и лагуните го прават овој остров толку привлечен.Главниот начин на транспорт вклучува употреба на чамци, иако на туристите им се достапни и други начини на транспорт.

Околу 9.000 постојани жители живеат на главниот остров и другите помали што го опкружуваат. Повеќе од половина од нив живеат во Ваитапе, главниот град на островот, според Boraboraislandguide.
Фасцинантен вулкански врв
Малиот остров, чија површина не е ни 30 квадратни километри, привлекува многу туристи од целиот свет. Бора Бора е остров кој се наоѓа во лагуна и е опкружен со бројни помали острови од корално потекло. Вулканскиот врв на планината Отеману е видлив од сите делови на островот и и дава на целата област шмек на мистицизам.

Во Бора Бора има две сезони, лето или влажно, и зима или суво.
Луксузните одморалишта се уште една причина поради која многу туристи од целиот свет го избираат овој остров. Бунгаловите сместени на прекрасните плажи нудат поглед на нереалното сино море, по кое е познат и островот Бора Бора.

Затоа и не е чудно што и ова е една од најромантичните дестинации во светот, па паровите често ја избираат оваа локација за своите венчавки.
Активности во Бора Бора
Иако многу туристи прво уживаат во феноменалните плажи и одличното сместување, Бора Бора нуди и многу интересни активности.

Обиколката на лагуната им нуди на туристите можност да ја видат целата убавина на планината Отеману од различни агли. И токму затоа е една од омилените активности на посетителите, според „Boraboraislandguide“. Многу одморалишта им нудат на гостите обиколка на помалите острови околу Бора Бора, кои главно се во приватна сопственост.
Сосема очекувано, на нуркачките ентузијасти им се нуди можност да го откријат фасцинантниот жив свет во водите што ги опкружуваат островите. За оние кои се малку похрабри, постои и можност за организирани екскурзии, кои вклучуваат пливање со ајкули.

И секако, уживање на плажа! А едно од најдобрите места каде што посетителите на островот можат да го направат тоа е плажата Matira, која често се наоѓа на листата на најубави плажи на целиот свет.
