Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната на долготрајната убавина и впечатливите линии на Џејн Фонда во нејзината деветта деценија од животот…

Џејн Фонда е позната по својот актерски талент, бурниот љубовен живот и активизам, но и по својата неверојатна убавина која никогаш не избледува и фигурата за која се грижи и денес.

Џејн Фонда, холивудската актерка од А-листата, активистка за човекови и животински права и поранешна манекенка, со својот изглед на 85-годишна возраст го буди воодушевувањето на целиот свет, но и буди љубопитност и го наметнува познатото прашање „како и оди тоа?”

Во 80-тите, Џејн објавуваше видеа за аеробик и разни вежби кои се продадени во повеќе од 17 милиони примероци ширум светот. Секогаш истакнуваше дека никогаш не била љубител на диети туку само на континуиран здрав начин на живот.

Таа предупреди дека диетите им ветуваат нереални резултати во прекраток временски рок и дека тоа е нездраво.

За неа појадокот е најважниот оброк во денот, а важно е да биде обилен бидејќи го забрзува метаболизмот, додека прескокнувањето на појадокот го прави токму спротивното – го успорува и предизвикува дебелеење. Нејзината исхрана се базира на здрава храна, главно овошје, зеленчук и житарки, со многу малку месо и млечни производи. Но, Џејн вели дека клучот е рамнотежата, а не ригидноста.

  • Не треба да се ограничувате и да си негирате ништо нездраво, во ред е да изедете коцка чоколадо ако ви се допаѓа да јадете чоколадо. Но, една коцка, не цела табла – истакнува познатата актерка, а пренесува  “Daily Mail“.

Она што е најимпресивно е фактот дека оваа незапирлива жена тренира секој ден, користејќи неколку различни програми. Утрата ги започнува со аеробик, па оди на прошетка или планинарење, додека вечерите и се резервирани за зумба.

Храбрата актерка двапати го победи ракот.

Нејзината енергија, раст, здравје треба да бидат наша инспирација и рецепт за начин на живот.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement