Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

КОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА Е НАЈУБАВ ЗА ПОСЕТА НА БАЛИ…

Островот Бали е познат како една од најубавите тропски дестинации за одмор. Сонцето, сурфањето или живата култура на мнозинството хинду население се само некои од причините за магичната привлечност на Бали. Бројот на туристи на годишно ниво се мери во милиони.Убаво е да се знае кога е најдобро време за посета овој „Остров на боговите“.

Во основа, Бали има две сезони и додека едната се карактеризира со дожд, другата е претежно сончева. Сезоната на дождови обично трае од октомври до март, а за оние кои пред се сакаат добро време со многу сонце, вистинско време за посета е меѓу април и септември. Во текот на годината, температурите се движат помеѓу 23 и 35°C, но влажноста може да достигне и до 85% во сезоната на дождови.

Покрај временските услови, треба да се земе предвид и бројот на посетители.Јули, август и септември се месеци кои повеќето луѓе ги избираат, но има и гужви за време на големите празници.Тогаш не изненадува сообраќајниот метеж, екстремно зголемените трошоци за речиси се – од сместување до сувенири.

Но, ако вашата идеја за идеален одмор вклучува добро време, многу опции за различни активности и разгледување, помалку гужва и пристапни цени, најдобро време за посета на Бали е мај, јуни или октомври.

Најпрестижниот дел од брегот е секако плажата Нуса Дуа, на југот на Бали.На него се наоѓаат хотели на некои од најлуксузните светски брендови. Ситниот бел песок и плиткото море се идеални за деца, а водата е многу помирна на овој дел од островот. За убавината на оваа плажа говори и фактот што често се избира како идеална локација за свадби.

На Бали има навистина многу активности и ретко кој не успева да најде нешто за себе.Поголемиот дел од населението на островот се Индонезиски Хиндуси, чија календарска година има само 210 дена и изгледа дека живеат за церемонии. Танцот е секогаш во центарот на настаните на островот, без разлика што се прави, што доволно зборува за духот на луѓето и остава малку простор за непријатности.

Од екскурзии, преку прослави до сурфање и нуркање.На Бали едноставно не може да биде досадно!

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement