Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН ВО КАМПАЊАТА ЗА ПОЗНАТИОТ МОДЕЛ НА ЧАНТА PRADA: ОГРАНИЧЕНА КОЛЕКЦИЈА НА PRADA GALLERIA ОСВОЈУВА СО БОИТЕ…

Актерката блесна во одлична кампања потпишана од уметникот Алекс Да Корте.Познатиот модел на чанта Galleria на Prada е создаден во 2007 година, а досега во сите претходни верзии се потврди како моден архетип на Prada, неокласик бидејќи одлично ги комбинира формата и функцијата и го претставува најдоброто од брендот. Чантата го добила името по познатата миланска адреса – Galleria Vittorio Emanuele II, во која се наоѓа бутикот каде што беше лансиран брендот Prada и кој беше основан од Марио Прада, дедото на Миуча Прада, во далечната 1913 година.

Затоа и не е чудно што големо внимание беше посветено на креирањето на новата кампања за моделот на чанти Prada Galleria 2023, која на прв поглед плени со својот изглед, но и со носливоста, во која славната Скарлет Јохансон доби главната улога со чантата. Кампањата наречена „The Glass Age“, чиј концепт е потпишан од венецуелско-американскиот уметник Алекс Да Корте, додека креативниот правец го спроведе Фердинандо Вердери (инаку креативниот директор на италијанскиот Vogue), привлекува со живи бои и графички решенија.

Соработката помеѓу Prada и уметникот Да Корте има за цел да покаже како долгогодишниот луксузен моден бренд совршено се поврзува со иконите на светот на познатите личности, а интересно е како Да Корте, чија работа е инспирирана од поп културата и надреализмот, главно создава преку видео формати, перформанс, импресивни сликарски и скулпторски проекти, оваа кампања за прв пат се сврте кон светот на високата мода.

Осум нови модели од новата лимитирана колекција привлекуваат со бои и комбинации на живописни геометриски дезени испечатени на препознатлива кожа Saffiano. На пазарот се достапни од денес.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement