Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Били Ајлиш раскина со десет години постариот музичар: „Остануваат добри пријатели…“

Врската меѓу двајцата музичари стана позната во октомври 2022 година, а шпекулациите за раскинување започнаа на почетокот на овој месец, кога Били пристигна сама на Мет Гала.По помалку од една година врска,пејачката Били Ајлиш ја потврди веста за раскинувањето со 31-годишниот Џеси Радерфорд.

Двојката последен пат беше видена заедно на фестивалот Coachella,а откако Били се појави сама на Мет Гала, многумина претпоставија дека статусот на нејзината врска е повторно „сингл“.”Можеме да потврдиме дека Били и Џеси спогодбено раскинаа, но тие остануваат добри пријатели. Причината за раскинувањето меѓу нив не е изневерувањето”, изјавил менаџерот на пејачката, но не ги открил вистинските причини за раскинувањето.Дека беа заедно, Били откри за Vanity Fair минатиот октомври, но освен тоа, тие ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста. Били од време на време објавуваше заеднички фотографии на Инстаграм. Нивното незаборавно јавно излегување се одржа на LACMA Art + Film Gala, кога заедно се завиткаа во ќебиња на Gucci.

“Точно е, јас сум во врска и многу сум возбуденa и среќнa поради тоа. Тоа е кул. Успеав да стигнам до оваа точка во мојот живот – не само што ја запознав личноста која е најсекси маж во светот,јас сум во врска со него! Аплауз за мене?“, изјавила тогаш во интервјуто,иако Били беше среќна во врската, нејзините фанови беа загрижени за разликата во годините. Имено, тој е десет години постар од неа, но парот никогаш не се навраќал на коментарите во јавноста, а ни сега не ги коментирале причините за нивното раскинување.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement