Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тренерот на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс откри како ги доведува ѕвездите до совршена линија…

Покрај нив, тренерот Дон Саладин работи со Ен Хатавеј, Емили Блант, Хју Џекмен и други …

Блејк Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс важат за еден од најхармоничните парови во светот на познатите. Дека нивната љубов не згаснува по 10 години говори и фактот што во февруари годинава станаа родители по четврти пат.

Покрај љубовта и смислата за хумор кои редовно ги покажуваат на социјалните мрежи и во јавноста, оваа брачна двојка е позната и по својата витка линија за која се грижат.

Како што пишува „Express“, личниот тренер на познатите, меѓу кои Блејк и Рајан, Дон Саладин, ја открил тајната на нивната витка линија.

Според него, доволна количина здрава храна и тренинзи се нешто што секој човек може да го одржува во добра форма.

  • Намалениот број на калории и внесот на „чиста“ храна е најдоброто нешто што можете да си го дозволите. Ако ја зголемите вашата активност, тогаш ќе го зголемите и внесот на добри калории. Меѓутоа, ако не внесувате доволно калории, ќе почнете да се чувствувате уморни и да немате енергија – предупредува тој.

Тренерот вели дека ги советува своите клиенти да не гладуваат, бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно кога станува збор за губење на тежината. На телото му требаат доволно хранливи материи за да го одржи нивото на енергија во текот на денот.

Друг клучен елемент, вели тој, е хидратацијата.

  • Водата помага при слабеење, го потиснува апетитот и го забрзува метаболизмот. Секој што тренира со мене мора да внесе одредена количина вода. Ако сакате да се чувствувате подобро, да изгледате подобро и да живеете подобро, мора да се грижите за хидратацијата – заклучил тој.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement