Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Времето како да застанало за оваа дива: Ким Катрал во јавност по подолг период…

Жена која изгледа дека го пронашла еликсирот на младоста.

Ким Катрал светската слава ја стекна во педесеттите години – играјќи ја познатата Саманта во култната серија „Сексот и градот“.

Холивудската икона, која кон крајот на деведесетите направи целосен пресврт во перцепцијата за слободата што треба да ја уживаат жените, како и поместувањето на старосната граница за значењето на зборот „секси“, на целиот свет му покажа дека женственоста не запира по четириесетата.

Сега 67-годишната Ким се појави во јавноста и покажа дека времето за неа застанало.

Во приватниот живот секогаш беше против естетските корекции, па може да се каже дека дивата старее грациозно и природно, но, изгледа, воопшто не старее.

На црвениот тепих прошета во сребрен комбинезон со светки, со суптилно деколте, а над него сатенски капут во истиот тон.

Што се однесува до додатоците, таа избра сребро – гломазен ѓердан, врски, прстени и многу алки.

На нозете носеше сребрени потпетици, па целиот аутфит беше комплетен.

Таа имаше лесна шминка на лицето, а нејзината фризура беше иста како кога ја видовме во познатата серија пред речиси 30 години – руса, разбушавена коса до рамениците.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement