Инес де Рамон, позната како девојка на познатиот актер Бред Пит, го привлече вниманието во софистицирана деловна облека во комбинација со тренди бели патики.Инес де Рамон на пошироката јавност и стана позната кога пред неколку месеци Бред Пит јавно ја објави нивната врска, а сега го привлече вниманието со деловен стајлинг вреден за копирање.

По раскинувањето со Анџелина Џоли, славниот холивудски актер беше во неколку минливи врски, но на крајот на минатата година стана јасно дека 30 години помладата Инес де Рамон сепак е нешто посебно за него.
Неодамна се пишуваше дека парот е подготвен да ја подигне врската на повисоко ниво и дека размислува за заеднички живот, а 59-годишниот Пит наскоро ќе ја претстави атрактивната убавица на своите шест деца.
Од влегувањето во врска со познатиот актер, Инес де Рамон се најде под постојано внимание на медиумите, па фоторепортерите не ја пропуштија ниту нејзината прошетка во Лос Анџелес, за која избра многу елегантен стајлинг.
Имено, 29-годишната поранешна сопруга на актерот Пол Весли носеше софистициран комплет од темно сив деловен костум и широки панталони со вечната класика на вертикални пруги, кои ги носеше преку обична бела маичка.
Стајлингот го заокружи со уште еден жежок тренд – бели патики. Оваа сезона станаа еден од најпосакуваните улични модни избори, а Инес де Рамон покажа колку добро се вклопуваат во вакви елегантни деловни комбинации.
