Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Алесандра Амбросио во прекрасен макси фустан: Модерен, лежерен и елегантен…

Оваа сензуална креација со шлиц ја истакна нејзината силуета и и даде можност да ги покаже своите витки нозе.

Алесандра Амбросио ја покажа својата неверојатна фигура во бел фустан додека присуствуваше на седмото годишно доделување на модните награди во Лос Анџелес во неделата.

Проѕирниот бел макси фустан има голем шлиц кој се влечеше по црвениот тепих. Горниот дел има долги ракави, поради што потсетува на кошула, како и јаката. Иако миди фустаните се хит на сезоната, ништо не може да ја замени елеганцијата на макси фустанот.А кога е во прашање лежерноста, повторно победуваат макси фустаните.

Оваа сензуална креација со шлиц ја истакна нејзината силуета и и даде можност да ги покаже своите витки нозе.Носеше сребрени потпетици со отворени пети за да одговараат на нејзината чанта и накит.

Се одлучи за лесна шминка со бронзена сенка за очи, малку маскара и сјај за усни за гламурозен финиш.

На поранешниот ангел на Victoria”s Secret му се придружија на црвениот тепих и многу други ѕвезди од А-листата, меѓу кои Ким Кардашијан, Меган Фахи, Киана Ривс, Бри Ларсон, Ел Фанинг и Гвинет Палтроу.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement