Бен Афлек ја откри тајната на одличниот изглед на неговата сопруга Џенифер Лопез.Џенифер Лопез со децении важи за една од најубавите дами во Холивуд. Иако веќе е во шестата деценија од животот, славната пејачка и актерка изгледа многу помладо.
Затоа многумина ги интересира која е тајната на нејзината совршена фигура, со чија помош таа успева да личи на некои девојки помлади од неа. Нејзиниот сопруг Бен Афлек сега откри нешто што изненади многумина, а тоа се однесува на нејзината исхрана.
Повеќето мислеа дека Џеј Ло има многу рестриктивни диети, кои не и дозволуваат да се здебели ни грам. И за доброто на својата линија, таа жртвува многу деликатеси на кои многу луѓе не можат да одолеат.
Сепак, воопшто не е така,Бен Афлек гостувајќи во шоуто на актерката Дру Баримор, јавно откри што има Лопез на своето мени.

- Сега ќе ви кажам нешто што ќе ве вознемири. Џенифер само јаде се што сака,ама баш се што сака. Торти, сладолед,буквално се – Бен Афлек ги изненади сите кога го кажа ова.
Но, веднаш потоа, тој кажа и на што може да се заблагодари Џенифер за нејзиното „тело од милион долари“.
- Да, таа вежба.Вежбам и јас,ама ја немам таа магија да личам на 20 годишен дечко. Со совршена кожа и сето тоа“, рече Афлек.

Потоа истакна дека навистина и завидува и се восхитува на нејзината работна етика.
- Нејзината работна етика е повеќе од сериозна. Има многу силна работна етика, голема дисциплина, но и свои супермоќи.Таа е најпрекрасната жена на светот и изгледа спектакуларно – заклучил Афлек.
