Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

ЗЕНДАЈА Е НОВA АМБАСАДОРKA НА lOUIS VUITTON : ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА КАМПАЊАТА ЗА САКАНАТА ЛИНИЈА НА ЧАНТИ,СНИМЕНА НА ЈУГОТ НА ФРАНЦИЈА…

Минатиот месец на ревијата на Louis Vuitton во Париз, една од гостите во првиот ред беше Зендаја. И како што сега можеме да заклучиме, тоа не беше класично гостување на славни личности, туку тивка најава за важна соработка, бидејќи Louis Vuitton штотуку ја претстави Зендаја како заштитно лице на куќата.

Со Зендаја во главната улога, беше претставена кампањата на за линијата на чанти Louis Vuitton Capucines, лансирана во 2013 година. Именувана по Rue Neuve-des-Capucines, улицата каде Louis Vuitton ја пресече лентата за своите први простории во 1854 година, линијата има кожа од таурилон и нуди недооценена елеганција и разноврсност во стилот.

Во видеото од кампањата, снимено на југот на Франција и напишано од Мерт и Маркус, Зендаја се појавува во преден план пред модернистичката вила Е-1027 во Рокбрун-Кап-Мартин, куќа дизајнирана од модернистички архитект и индустриски дизајнер Ајлин Греј.

„Дефинирана со сонливиот изглед на Азурниот брег, Зендаја позира во идилична серија на силни, дефинирани слики, со низа модели Capucines, вклучувајќи го и минијатурниот Capucines BB.

Чантите Capucines, кои брендот ги опишува дека ја симболизираат суштината на Louis Vuitton, неговата потрага по извонредност, креативност и изработка,се достапни од 20 април.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement