Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Многу сум горда од каде доаѓам“: Дали го знаете вистинското име на актерката Милa Јововиќ?

Таткото на Милa Јововиќ бил српски лекар, а нејзината мајка била руска актерка.Кога помислуваме на позната личност од сферата на седмата уметност која има српски корени и е позната во целиот свет, најмногу мислиме на Мила Јововиќ.

Актерката, која е најпозната по улогите во филмовите „Јованка Орлеанка“, „Петтиот елемент“, „Враќање во сината лагуна“, никогаш не ги криела своите српски корени, а во една прилика истакнала дека и е криво што татко и не ја научил да зборува југословенски јазик.

Мила Јововиќ е родена во Киев на 17 декември 1975 година од мајка Галина Логинова Јововиќ, руска актерка и татко Богдан Јововиќ, српски лекар.

Нејзиното семејство се преселило во Сакраменто кога таа имала пет години, а седум месеци подоцна се преселиле во Лос Анџелес.

Мила во една прилика на Инстаграм споделила фотографии од нејзините предци кои учествувале во Втората светска војна и во таа прилика открила непознати детали за нејзиното семејство.

  • Бројни членови од моето семејство се бореа во Втората светска војна. Ова е фотографија од мојата баба Татјана Попов, која беше медицинска сестра на првата линија на одбраната кога имаше само 16 години. Кога имала 18 години, таа поминала низ бројни злосторства сè до Берлин. Ова се сите нејзини медали кои мајка ми ги спаси – напишала актерката и објавила меѓу другото фотографии од нивните документи и одликувања кои ги добиле во војната.
  • Во војната се бореше и нејзиниот сопруг Александар Логинов, како и мојот дедо по татко, Богдан Јововиќ, кој се бореше во редовите на југословенските партизани. Може да се каже дека потекнувам од семејство на борци и револуционери и многу сум горд на тоа од каде доаѓам и на сите тие луѓе. Кога ми е тешко, се сеќавам низ што поминала баба ми кога била толку млада и веќе ништо не изгледа толку комплицирано. Денеска сакам да ги почестам нивните спомени и спомените на сите храбри души кои се бореа да го направат овој свет подобро, попристојно место. Денес ни требаат повеќе такви луѓе. – заклучила актерката.

Иако светската јавност ја знае како Мила Јововиќ, нејзиното вистинско име е всушност Милица Богдановна Јововиќ, а според медиумите семејството Јововиќ потекнува од Црна Гора и, според медиумите, имаат многу бурна историја.

Нејзиниот прадедо Богиќ Цамиќ Јововиќ бил знаменит од племето Васојевиќ и гардист на кралот Никола I Петровиќ.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom