Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Нови модни комбинации на бремената Ријана: Пејачката не престанува да воодушевува…

Не е потребно моден експерт да забележи дека стилот на бремената Ријана е навистина уникатен.

Таа ги помести стандардите и воспостави апсолутно нов тренд, кога е во прашање трудничката гардероба, уште при најавата за првата бременост.Таа потоа беше фотографирана во винтиџ жешко розово палто „Chanel“, кое го носеше со фармерки што се влечеа по подот и разнобојни златни синџири со скапоцени камења што и го покриваа голиот стомак.

  • Модата е една од моите омилени работи, па, знаете, пркосам на она што до сега значеше зборот „бремена“. Бременоста трае девет долги месеци. Мора да уживате и да се забавувате – изјави Ријана за „Entertainment Tonight“.

Дека е благословена по втор пат, објави за време на нејзиниот историски настап на манифестацијата „Супер Боул“, годинава.

Поп иконата сè уште не заостанува кога е смелоста во прашање, а ова се некои од нејзините најнови модни комбинации во 2023 година.

  1. Издание „Робин Худ“.
    Пејачката е сликана во долг шарен џемпер до подот со качулка, сив горен дел што го открива стомакот и „карго“ панталони во иста боја. Накитот, секако, не заобиколува ниту еден стајлинг на познатата Рири.
  1. Ноќно излегување
    Гордата мама го прослави својот роденден облечена во краток бел фустан кој го спои со сребрени сандали и чанта од бело крзно. Необичен црн капут ја заштити од студот. На раката носеше скап дијамантски часовник и прстен, а околу вратот ѓердан со скапоцен камен.
  1. Семејна прошетка
    Рака под рака со својот сопруг, раперот Асап Роки целосно опуштена во шарен џемпер, широки фармерки и кафени чизми. Сепак, она што се издвои е нејзиниот стомак.Од аксесоари избра црни очила и впечатлива чанта „Louis Vuitton“.
  1. Уличен гламур
    Никој не знае како да спои спортска гардероба со дијаманти како оваа поп принцеза. Таа спои лежерна, црно-бела дуксерка со логото „Wu Tang“ во спомен на познатата хип-хоп група со проѕирно здолниште од тул.

Црните сандали со низок рез со златни детали беа акцентирани со златен ѓердан околу вратот на божицата,скапи дијаманти во вид на огромни прстени, нараквици и уште едно ланче, а дополнителен „шик“ изглед допридонесуваат црните очила.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom