Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

5 НАЈУСПЕШНИ МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ…

Ви ги претставуваме 5-те најуспешни модни дизајнери на планетата. Овие имиња со години ги диктираат трендовите на глобално ниво со своите модни креации…

Карл Лагерфелд

Овој познат моден дизајнер е роден во Германија во 30-тите години на минатиот век (тој бил многу таинствен за годината на неговото раѓање). Кога имал 14 години, се преселил во Париз со желба да се занимава со моден дизајн. Веќе на 17 години започнува да работи за “Pierre Balmain”  и многу брзо се префрли во модната куќа „Valentino“. Познатите модни списанија набрзо го нарекле Лагерфелд ненадмината интерпретатор на расположението на моментот бидејќи во кариерата се до неговата смрт дизајнирал речиси сè, од чевли до венчаници.

Донатела Версаче

Донатела Версаче, помладата сестра на Џани Версаче, е денешен потпретседател и главен дизајнер на модната компанија „Versace Group.“ Во текот на седумдесетите, Донатела беше П.Р. на нејзиниот постар брат, но таа набрзо стана негова муза, советник и најискрен критичар. По смртта на Џани во 1997 година, таа го направи „Versace“ препознатлив за целиот свет по неговата софистицираност, луксуз и елеганција.

Стефано и Доменико

Кога инспирацијата за првата колекција на овие модни дизајнери дојде од познатата актерка Софија Лорен, тогаш знаете дека тие имаат нешто навистина посебно во себе. Основачите на „Dolce & Gabbana“ ја слават бујната женска форма и се познати по креирањето корсети и предизвикувачки женски фустани, но познати се и по луксузните колекции за мажи.

Коко Шанел

Габриел „Коко“ Шанел е родена во 1883 година во Франција, а детството го поминала во сиропиталиште каде калуѓерките ја учеле да шие. На 20-годишна возраст го отворила својот прв бутик во Париз каде продавала женски капи. Набргу потоа почнала да се занимава со производство и креирање на женска облека со цел да го лансира Chanel No. 5 во 1920-тите.Првиот женски парфем во светот со името на дизајнерот. Таа остана главен дизајнер на Chanel до нејзината смрт во 1971 година.

Марк Џејкобс

Со голем број престижни награди од дизајнерското училиште “Parsons”, Џејкобс започна да работи за Пери Елис, но набрзо беше отпуштен откако ја создаде неславната модна колекција „Grunge“. Во 1994 година ја создаде својата прва независна колекција на машка облека, а само неколку години подоцна, во 1997 година, беше прогласен за главен креатор на една од најпознатите модни куќи во светот “Louis Vuitton”.Тој остана на оваа позиција до ден-денес, а воедно е и главен дизајнер на неговиот личен бренд.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement