На веб-страницата на овој познат моден бренд ѕвездите се одвојуваат од супер ѕвезди и мега ѕвезди. Има посебен дел каде што можете да најдете чанти Capucine, Alma и Volta, изработени од егзотични материјали, како што е ултра луксузната крокодилска кожа. Тие чинат неколку илјади долари, но сепак, постојат и оние сорти кои чинат и повеќе од 40.000 долари.

Порано овој моден бренд не ги ни претставуваше на страницата, бидејќи едноставно беа наменети за нивната ултра богата и луксузна клиентела, на која шопингот и е целодневно искуство и уживање, со посебни поволности и детали.

Сепак, пред неколку месеци направија промена во својот систем, па објавија детални спецификации за сите модели и нивните цени.

Минатата година овој луксузен бренд одлучи дека мора да посвети поголемо внимание на оние богати и луксузни колекции, кои се наменети за богатите клиенти, за да го зачува имиџот на ексклузивен бренд.

Во тоа секако им помага оваа егзотична група чанти, бидејќи верувале или не, овие чанти чинат повеќе од BMW.

