Станот се наоѓа на 40-ти кат на луксузен облакодер каде што нејзините соседи се познати фаци од светот на шоубизот.Со едногодишен син и второ дете на пат, сегашниот стан на Ријана и A$AP Роки стана тесен. Затоа магнатот од Барбадос инвестираше во пентхаус во луксузниот облакодер The Century во Лос Анџелес, за кој плати 21 милион долари. Според Forbs,Ријана е најбогатата жена музичар со банкарска сметка од 1,4 милијарди долари.
Новиот стан со неверојатен поглед на целиот град го зафаќа целиот 40-ти кат на облакодерот, а се протега на 864 метри квадратни, што е значително повеќе од 325-те метри квадратни, каде што живеела од 2014 година.


Станот има четири спални соби, шест бањи, пространа дневна соба со големи прозорци кои се протегаат до таванот и нудат панорамски поглед на градот и океанот. Дел од станот е голема бања од бел мермер, домашно кино со удобно седиште од велур и кујна со луксузни апарати и голем остров исто така од мермер. Најимпресивниот дел од станот се веројатно четирите големи тераси, од кои секоја е свртена кон едната страна на светот, а од кои има неверојатен поглед на ЛА – истиот поглед е првото нешто што ќе го видите откако ќе се разбудите во голема, заоблена спална соба.


Пејачката и сопственик на модниот бренд Fenty го купи станот од милијардерот и сопственик на технолошката компанија Afterpay, Ник Молнар, кој првично побарал високи 28 милиони долари за пентхаусот, но пејачката успеала да ја намали цената на 21 милион. Пред Ник, пентхаусот бил во сопственост на актерот Метју Пери, кој го купил станот во 2017 година за попристапни 20 милиони. Соседи на Ријана во ексклузивниот облакодер The Century се актерот Дензел Вашингтон и авторката и режисерка Кенди Спелинг.
