Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Овој хрватски град е прогласен за најдобра дестинација за меден месец во Европа…

По пандемијата и короната и затишјето што владееше во врска со свадбите и забавите, сега полека се враќаме во нормала.А медениот месец е дефинитивно еден од тие, бидејќи тоа е она што повеќето младенци навистина го очекуваат. Нивното прво патување, авантура, заеднички одмор после сите подготовки и официјалниот дел.

Познатиот портал за патувања, European Best Destinations, го прогласи хрватскиот град Цавтат за најдобро место за меден месец!

„Сместен на неколку минути од Дубровник и неговиот меѓународен аеродром, Цавтат на вљубените им нуди свадбени услуги клуч на рака, како и бескрајни можности за сместување, комбинирајќи хотели со 5 ѕвезди со поглед на море, велнес, спорт, базен, но и бутик хотели, ресторани од морето и модерните барови во срцето на најубавиот залив во Европа“ – истакнаа на страницата European Best Destinations.

Хрватска продолжува да руши рекорди во однос на популарноста на своите дестинации, а тоа воопшто не е чудно, бидејќи она што може да го понуди е на врвот на сите туристички желби.

Цавтат е прекрасно место кое е навистина идеална дестинација за младенците, а ќе ве маѓепса со својот пејсаж, понуда и атмосфера. Без разлика дали сакате да уживате во прошетка покрај брегот или по стариот град, или да поминете една вечер во интимна атмосфера, веруваме дека оваа локација е хит за парови кои бараат мирна дестинација за своето патување.

Покрај тоа, таа е позната по своите маслинови градини и вино, чистото море и мирот, што е најважно и непроценливо.

Токму тоа сега го потврди и престижниот портал за патувања, што е големо признание за цела Хрватска.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement