Откако медиумите и го нарушија имиџот и ја прогонуваа на секој чекор, пејачката реши повнимателно да ја крие приватноста.
Според Entertainment Tonight, кантавторката Тејлор Свифт и британскиот актер Џо Алвин раскинале по шест години.
Тие наводно се разделиле пријателски и мирно, а медиумите пишуваат дека нивната разделба е дискретна како и нивната врска. Двојката се раздели пред неколку недели и се уште имаат одлична комуникација.
„Не беше драматично“, изјави извор близок до Тејлор и Џо за Page Six. – Врската само „го отслужи својот тек“.
Медиумите пред извесно време пишуваа дека Алвин е полн со поддршка за својата сакана и дека има намера да ја придружува на нејзината голема светска турнеја секогаш кога тоа ќе му го дозволат обврските.

Тејлор Свифт и Џо Алвин се во врска од 2016 година, а емоциите кои ги има кон Британецот ги опишала во неколку нејзини песни.
Пејачката и композиторка од почетокот на кариерата е мета на папараците и јавните осуди бидејќи имала неколку врски со познати мажи. Таа беше во пократки или подолги врски со Калвин Харис, Хари Стајлс, Конор Кенеди, Џејк Гиленхал, Тејлор Лотнер, Џон Мајер, Џо Џонас и Том Хидлстон, а бидејќи јавноста беше свесна за нејзиниот љубовен живот, таа често се соочуваше со многу непријатни коментари. Мислам дека медиумите во последните години испратија многу нефер порака, дека не смеам да излегувам само за возбуда или забава, за нови искуства или лекции. Дозволено ми е да излегувам само ако тоа ќе биде долга, повеќегодишна врска. Инаку, јас сум „сериска девојка“ или, да цитирам, „луда по момчиња“… Мислам дека тоа не е точно – изјавила Тејлор во едно интервју.

Поради оваа слика таа стана многу претпазлива во разобличувањето на приватниот живот, па врската со Алвин постојано ја држеше под превезот на мистеријата. И двајцата се обидоа да ја заштитат својата љубов од јавноста, а актерот во интервју за Vogue во 2018 година изјави дека луѓето се многу љубопитни за нивната врска.
Инаку, тие никогаш не се појавиле заедно на црвениот тепих, но и кога се на ист настан доаѓаа одвоено, многу ретко и кусо одговараат на прашања за нивната врска.

Минатата година беше објавено дека се вериле, а Алвин тогаш коментираше дека денес ќе имаше многу пари доколку добиваше по една фунта секогаш кога ќе слушне дека ја запросил Тејлор.
– Вистината е дека никогаш не би потврдил или негирал – изјави тогаш актерот за Wall Street Journal.
Поради тоа колку се труделе да ја сокријат љубовта и деталите околу неа, прогласени се за најмистериозна двојка во светот на славните, а се чини дека и нивното раскинување ќе биде исто.Меѓутоа,бидејќи Тејлор често пее за неа раскинувања и поранешни врски, нема сомнеж дека еден ден ќе научиме барем дел од нивната приказна.
