Покрај талентот за глума и пеење, Џенифер Лопез е позната и по љубовта кон разни принтови на облека. Во текот на зимата имавме можност да ја видиме во комбинации во кои доминираат принтовите,оваа пролет таа избира ненадминат дезен инспириран од природата.
Токму таков дизајн носеше вчера кога папараците ја фотографираа на паркинг.
Џенифер избра фустан кој е како створен за пролет, а таков ќе посакате и за себе.
Џенифер комбинираше фустан со миди должина со долги ракави со кафени чизми.
Чизмите се модел на брендот Coach со платформа и висока блок-пета. Носеше и чанта од модната куќа Hermes,препознатлив модел Kelly во плетена верзија со кожни детали.
Со лелеавиот фустан, романтичниот крој можеби подобро одговараше на некои помалку робусни обувки, но ниту чизмите на латино дивата не можеа да ја намалат убавината на оваа креација.

Она што го прави посебен овој фустан е А-линијата и ременот на половината.Поточно, фустанот одлично ги покрива недостатоците и ги истакнува атрибутите.

