Пазарната вредност на француската компанија надмина 200 милијарди долари, со што стана вториот највреден играч во светот на модниот луксуз, веднаш зад LVMH
За прв пат во историјата пазарната вредност на Hermes официјално надмина 200 милијарди евра. Француската модна куќа сега е на осмото место меѓу највредните според индексот STOXX Europe 600, со што го надмина швајцарскиот Novartis. Покрај тоа, Hermes стана втор највреден луксузен бренд, а иако неговата вредност е исклучителна, тешко дека ќе ја надмине групата LVMH толку брзо. Тој луксузен гигант, имено, вреди 420 милијарди евра, а неговиот сопственик Бернард Арно според најновата листа на Forbs е најбогат човек на планетата. Инаку, Хермес е основан во далечната 1837 година кога Тиери Хермес, наследувајќи го занаетот на својот татко, ја отворил куќата Hermes во Париз, која продавала коњски појаси и узди на богатите Европејци.Поради високиот квалитет на изработка,Hermes освои голем број престижни награди во тоа време и на тој начин стана познат на клиентите надвор од француската метропола.
По неговата смрт, синот Чарлс-Емил го презел управувањето со бизнисот и го преселил на друга локација, 24 Rue du Faubourg Saint-Honore, каде што се наоѓа и денес.
Инсистирање на квалитет
Новиот сопственик го прошири производството,ангажираше вешти мајстори кои изработуваа седла со врвен квалитет, а потоа и торби за јавање за европската, руската, азиската и американската елита. Околу 1914 година, наследникот на трговијата со Hermes,Емил-Морис започнал да работи кај рускиот император,но и за прв пат ставил патент на кожните производи и дополнително го проширил асортиманот.Со развојот на автомобилската индустрија, побарувачката за нивна опрема за коњи и кочии значително се намали, па решија да произведуваат – женски чанти, но и облека. Останатото е историја.
Имено, чантите многу брзо го освоија американскиот пазар, но и познатите aмериканки кои беа познати како стилски икони.Поради Џеки Кенеди, модниците сакаа да носат свилена марама Hermes,а откако магазинот Life објави фотографија на која Грејс Кели го покрива трудничкиот стомак со својата чанта, компанијата беше преплавена со прашања – сите сакаа да купат чанта „Кели“. Во тоа време францускиот сликар Алфред де Дре го насликал нивното познато лого, а брендот почнал да користи препознатливи портокалови кутии.
Во 1980-тите, поточно во 1981 година, започна лудилото за чанти Birkin, кое Hermes го создаде за иконата на францускиот шик, Џејн Биркин. Покрај тоа што се најскапите чанти на светот, со цена која може да надмине неколку стотици илјади долари, тие се познати и како моден додаток со најдолга листа на чекање. За некои примероци, се чекаше дури шест години!
Hermes измина долг пат од коњските појаси и узди и стана еден од ретките брендови чиј квалитет не се променил низ вековите. Можеби тајната е во тоа што компанијата се уште е во рацете на наследниците на Тиери Хермес кои инсистирајќи на квалитетен и вешт маркетинг успеаја да создадат бренд вреден 200 милијарди долари.
