Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џиџи Хадид блескаше како сонце во Индија: Сите погледи беа вперени во неа…

По Зендаја, уште една холивудска дама ја шармираше оваа земја.

Џиџи Хадид, најпрепознатливото лице во денешниот моден свет, ги воодушеви медиумите и социјалните платформи кога се појави на отворањето на Културниот центар во Мумбаи.

За оваа пригода манекенката носеше ансамбл во чест на традиционалната индиска облека, во форма на позлатено сари, а ова парче облека се состоеше од два дела.

Топ со кратки ракави во златна боја кој беше цел со светки и монистри. Над него Џиџи носеше „шал“ со специјално изработен рачен вез.

Придружното жолто здолниште беше покриено со сребрени светки и извезено со златна облога.

Од аксесоари носеше огромни златни нараквици и квадратни дијамантски обетки, кои ги спои со идентичен прстен.

Од под здолништето ѕиркаа проѕирни чевли со скапоцени камења.

Косата ја залижа во пунџа, а на лицето носеше минимална шминка во земјени тонови.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement