Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Еден од најубавите словенечки градови се смета за еден вид музеј на отворено…

Пиран е познат по својата добро зачувана средновековна архитектура и бројни знаменитости на релативно мала област.

Во близина на Порторож, кој е многу попознат по туризмот, се наоѓа мало гратче кое со право се смета за еден вид музеј на отворено.

Пиран е познат по својата добро сочувана средновековна архитектура и многубројните знаменитости на релативно мала област.

Се наоѓа на ртот на полуостровот Пиран, во истоимениот залив.

Интересни граници
Територијата на словенечката општина Пиран во јужниот дел се граничи со блиската Хрватска, а од источната страна со словенечките општини Изола и Копер. Од морската страна има и природна граница со Италија, преку Трстскиот залив, наведува “Slovenija-terme“.Благодарение на сето тоа, слободно може да се каже дека Пиран е идеална дестинација не само за запознавање на тој дел од земјата, туку и соседните земји.

Богата архитектура
Причината поради која Пиран често се карактеризира како еден од најубавите крајбрежни градови во земјата е неговата богата историја и добро сочуваната архитектура, која пред се е позната по многуте знаменитости од периодот на владеењето на Република Венеција во таа област.

Централниот плоштад во Пиран е именуван во чест на Џузепе Тартини, италијански музичар кој е роден во тој, сега словенечки град. На плоштадот има и споменик на овој познат италијански виолинист.

Прошетката низ стариот дел на градот е особено фасцинантна, како и посетата на Поморскиот музеј во Пиран. Сместен во палатата „Gabrieli“, иако не е особено простран, поради присуството на бројни видови, овој поморски музеј лесно може да ги воодушеви посетителите.

Не треба да пропуштите прошетка по градските ѕидини. Погледот од нив ќе ве натера да разберете зошто Пиран е толку магичен.

А прошетката покрај морето до блискиот Порторож е секако една од омилените активности на туристите кои го посетуваат овој дел на Словенија.А покрај шеталиштето има одлични угостителски објекти, кои нудат не само можност за уживање во одлични специјалитети, туку и поглед на заливот и морето. Особено вкусни се сардините кои се подготвуваат во овие ресторани.

Марина во Пиран е уште една атракција на овој тивок словенечки град.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement