Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

КАЈЛИ ЏЕНЕР ПЛИВА ВО БАЗЕН ВО НОВАТА КАМПАЊА ЗА ОЧИЛA НА DOLCE & GABBANA…

Кајли Џенер блеска во новата кампања за очила на Dolce & Gabbana за пролет 2023 година.

По стапките на нејзината сестра Ким Кардашијан, која е заштитно лице на брендот и ѕвезда на пролетната рекламна кампања, Кајли ни ги подарува најпосакуваните додатоци на брендот во серијата фотографии направени од фотографското дуо Mert & Marcus.

Зад сцената во Лос Анџелес, ѕвездата на социјалните мрежи се пофали со низа оптички рамки и очила за сонце додека се освежува со пливање во базен. Со своето беспрекорно чувство за мода, Кајли Џенер зрачи со самодоверба и привлечност, не оставајќи сомнеж дека го отелотворува современиот гламур на брендот Долче и Габана.

За Кајли Џенер, стилистите Александра Роуз и Мекензи Грандквист подготвија серија целосно црни костими за капење кои одлично го надополнија стилскиот асортиман на колекцијата на очила.

Во меѓувреме, фризерката Хесус Гереро и направи залижан изглед на мократа коса што додаде остар и модерен шмек на целокупната естетика.

Колекцијата на очила Dolce & Gabbana SS23 сега е достапна на dolcegabbana.com и во одбрани бутици на брендот.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement