Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Во Целосна Беж Комбинација Актерката Ева Лонгорија Покажа Дека Ниту Една Боја Не Мора Да Биде Досадна, Туку Се Зависи Од Тоа Како Се Носи…

Актерката Ева Лонгорија деновиве навистина е „заглавена“ за деловни комбинации во кои носи предимензионирани сакоа,слични на оние што ги претстави Yves Saint Laurent на Модната недела. Во целосно беж комбинација актерката покажа дека ниту една боја не мора да биде досадна, туку се зависи од тоа како се носи.

Со смела монохроматска комбинација, Ева Лонгорија покажа дека се е возможно – кога сакаш! Можеби беж бојата често се класифицира во таа категорија на досадни, класични бои, но ако добро се носи – бежот може да биде многу делотворен! Особено кога станува збор за комплетно беж аутфити составени од смели парчиња како оние што ги избрала актерката.

За разлика од модната класика Кејт Мидлтон, која ја носи оваа боја на исклучително префинет и пристоен начин, покажувајќи дека одлично „плива“ во своите кралски должности и кодекс на облекување, Лонгорија сепак разработила успешна формула за да го извлече максимумот од оваа боја. .

47-годишната актерка прошета низ Њујорк во триделен костум,кој секој љубител на класични деловни комбинации „со пресврт“ би сакал да го има во својата гардероба. Актерката изгледаше навистина кул во предимензиониран беж костум, а беж комбинацијата ја надополни со беж чевли на високи потпетици.

Сезонава е популарно да се носат елеци со костум во служба на топови, па актерката го искористи овој тренд со симнување на кошулата и маичката од комбинацијата со што овој ’сериозен’ изглед зрачи со сексипилност. Иако многу прирачници би рекле дека беж бојата нема да одговара на кафенокосите жени, бојата на оваа комбинација го истакна потемниот тен и чоколадно кафената коса на актерката.

Последниве денови актерката е склона кон костуми, па пред неколку дена прошета и во одлична комбинација која многумина би сакале да ја копираат,актерката облекла темно сив костум со предимензионирана јакна и широки панталони, но со таа комбинација избрала тесен сив топ и црни кожени потпетици.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement